Соопштение за јавност
Еднаква шанса за секое дете е нашата најважна цел кон која се стремиме порача Санела Шкријељ членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ на програмската трибина Агенда Социјална заштита 20-24 што денеска се одржа во Штип.
– Драго ми е што денеска отворивме многу важни теми за унапредување на социјалната заштита, што на оваа трибина говоревме за зголемување на износите на сите права за попречености, за модернизација на Центрите за рехабилитација на лицата со попреченост со цел да станат модерни сервиси во заедницата, како и за потребата од отворање на центри за активно стареење, истакна Шкријељ.
Членката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Шкријељ ја потенцираше важноста од решавањето на проблемот со детската сиромаштија.
– Децата ни се сегашност и иднина. Вложувањето во децата денес е единствен начин да изградиме здраво граѓанско општество. Наша примарна и најважна цел е да ја искорениме детската сиромаштија и да обезбедиме еднаква шанса за секое дете и тоа ќе се трудиме да го постигнеме што поскоро, заклучи Шкријељ.