fbpx

Наместо да застане зад државните позиции Мицкоски неосновано ја плаши јавноста, исто како што лажеше дека државата се распрачувала

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Наместо да застане зад државните интереси, Христијан Мицкоски и на верски празник шири невистини, неосновано ја плаши јавноста, со што ги поткопува државните позиции.

Нема да има никава асимилација на македонскиот народ, ниту граѓаните ниту СДСМ тоа ќе го дозволат.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Ова е идентично однесување на Мицкоски кој лажеше дека државата ќе ни се распрачела, кој пред Бојко Борисов велеше дека „го поткрепа„ Договорот.

Истиот тој Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе се населеле еден милион мигранти, дека со Законот за јазиците секој ќе мора да учи друг јазик и што ли уште не.

Тоа е Мицкоски, на денот кога сите се свртени кон духовното, тој продолжува да тера политиканство и лажни вести.

Последни вести