fbpx

Шкријељ: Владата на СДСМ има слух за наставниците, понудато од 12 отсто за зголемување на платите е како никогаш досега

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Не е точно дека Владата нема слух, нема средства и не сака да ги покачи платите, понудата на маса е 12 отсто, никогаш порано немало такво зголемување на платите на наставниците. Апсолутно се почитува правото на штрајк, кое е уставно загарантирано, меѓутоа исто така уставно загарантирано право е правото на образование, истакна пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Таа потсети дека од 2017 година нема година во која нема зголемување на платите на кадарот во образованието, два пати по 5 отсто, па 10 отсто, минатата година за прв пат е склучен колективен договор за високото образование и сега има понуда од 12 отсто за зголемување на платите.

До крајот на учебната година има уште месец дена, а апелите беа во насока да се продолжи да се преговара, се дојде до договор за нов колективен договор, се дојде до договор за воведување на правото на регрес К-15, кој никогаш го немале вработените во образование, меѓутоа да продолжи наставата за да може учениците да си ги реализираат сите обврски да се запишат во средно училиште, на факултет, нагласи Шкријељ.

Пратеничката истакна дека стартната позиција во 2017 година би била многу поинаква, ако во државата имало грижа за достоинствени плати на наставниците во изминатите 11 години, но немало никаков раст на платите, поместувања во колективниот договор, не се направило ништо за подобрување на статусот на наставниците.

Јас ги видов изјавите на тие што се пред СОНК, меѓутоа знам дека поголемиот дел од наставниот кадар се согласува и ја поддржува одлуката за ставање на штрајкот во мирување, затоа што наставниците првенстевно се тука за децата и во ниту еден момент не смее да се заборави дека сите чинители во образованието постојат за децата да имаат образовен процес, не постојат сами за себе, порача пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24.

Последни вести