Соопштение за јавност
Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение.
И Врховниот суд ја потврди пресудата за шефот на Мицкоски за случајот „Насилство во Општина Центар“.
Груевски за „шамарите во Центар“ е осуден на затворска казна од 1 година и 6 месеци, а заедно со пресудите за други криминални дела на вкупно 11 години затвор.
Пресудите за случаите „Титаник“, „Плацеви на Водно“ и бројни принзанија потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.
Потврдени се злосторничко здружување, организирано перење пари, незаконското богатење преку криминални Белизе-шеми, изборни измами, криминализација на изборниот процес, што 11 години ги правело ВМРО-ДПМНЕ.
Додека се спроведувале крминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е истиот Христијан Мицкоски, кој сега уценува, се заканува со деструктивност, кој целосно се загуби и не знае веќе како да наштети.