Соопштение за јавност
После објавувањето на црната листа на САД на којашто се најде неговиот шеф Груевски, Мицкоски целосно се загуби.
Деструкции, блокади и по секоја цена партиско мотивирање на протести среде најголема криза.
Мицкоски нема што да им понуди на граѓаните освен манифестација на немоќ, безидејност и деструктивност.
Зарем нема никој во Белиот дворец да му ја каже реалноста на Христијан Мицкоски?
Себичните политички желби на Мицкоски не не засегаат. СДСМ е посветен на интересот на граѓаните и државата.
Имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по втората светска војна којашто Владата успешно ја спроведува.
Се она што Мицкоски очигледно не го интересира, бидејќи никогаш не го интересирале граѓаните и нивните потреби туку само неговата политичка кариера.
Владата и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се стабилни и нема да дозволат загубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да направат штета на граѓаните, нема да дозволат да влеат несигурност или нови кризи.