fbpx

ОГЛАС за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Врз основа на член 68 од Статутот на СДСМ и член 5 став 2 а во врска со член 18 од Правилникот за организација и начин на функционирање на Форумот на жени на СДСМ и Одлуката за распишување на избори на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ, како и Упшатството и роковникот за постапката, начинот и критериумите за самокандидирање и избор на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ, усвоени на третата седница на Извршниот одбор на Централниот одбор на СДСМ, одржана на 16.04.2022 година, се објавува

О Г Л А С

за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членки на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да поднесат кандидатура за претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Упатството за постапката, начинот и критериумите за самокандидрање и избор на претседателки на општинските форуми на жени на СДСМ:

  • да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина;
  • да бидат членки на СДСМ во моментот на поднесувањето на кандидатурата;
  • да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ;
  • да имаат јасна визија за идниот развој и делување на Форумот на жени на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап;
  • да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги.

Заинтересираните кандидатки своите предлог-програми за работа ибиографија треба да ги достават најдоцна до 21.05.2022 годинадо претседателката на Форумот на жени на СДСМ, во седиштето на партијата ул. „Бихаќка“ бр.8, Скопје или на електронската адреса: forumzeni@sdsm.org.mk.

Дополнителни информации и обрасци (стандардирзирана биографија и насоки за програма за работа, пријава за самокандидрање и Упатство и роковник за постапката) се објавени на огласната табла во општинските организации на СДСМ и на веб-страната на СДСМ: sdsm.org.mk.

 

Последни вести