SDSM Centar za komunikacii so javnost
to
Соопштение за јавност
ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го вработи Нанев во МВР, што му должи?
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се губи со катастрофални прес конференции и се подлабоко тоне во очајните обиди да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра.
Познато е дека токму Тошковски го вработи разрешениот судија Лазар Нанев, во МВР пред еден месец, како инспектор во Кавадарци.И покрај тоа што се води кривична постапка против разрешниот Нанев.
ВМРО ДПМНЕ да го праша Тошковски зошто го вработи разрешниот Лазар Нанев во МВР?
Што му должи?
Дали Нанев одработувал за Панче?
По кој основ го вработил во МВР од невладина организација?
Наместо да шири лаги ВМРО-ДПМНЕ да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов, а Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ да обезбеди процесуирање на сите инволвирани лица.
Одговорност мора да има и тоа веднаш.