fbpx

Не смее да се дерогира улогата на Собранието, лидерска средба врз база на уцени нема да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска повтори дека лидерска средба за предвремени избори, со уцени нема да има, нагласувајќи дека е неодговорно да се бојкотира Собранието во време на најголема економска и енергетска криза.

„Во однос на барањето на опозицијата за лидерска средба за предвремени избори, јас кажав дека тоа е неодговорно поради тоа што да се бојкотира Собрание во време на најголема економска криза, во време на војна што се води на помалку од илјада километри од тука, во време на раст на цени на енергенсите, како и раст на цените на храната и во време кога неможе да се обезбеди транспорт на жито од Украјна и во едни вакви услови да барате предвремени избори е неодговорно и е само од политички цели. Лидерска средба, може да има, но за прашања коишто се стратешки, за прашања што би значеле подобар живот за граѓаните како и за справување со енергетската криза. Но лидерска средба врз основа на уцени и закани, бидејќи гледаме дека претседателот на опозицијата одбројува како од некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има, а како што гледате тоа е ставот и на сите политички партии којшто дадоа свој став, а тука беа и партии кои беа во опозициониот блок.“ рече претседателот Ковачевски.

Претседателот на СДСМ посочи дека постои комуникација помеѓу сите политички партии во Собранието, споменувајќи ги состаноците во рамки на Жан Моне процесот и рече дека во една парламентарна демократија Парламентот е место каде што се носат закони во интерес на граѓаните и не е добро да се блокира ниту пак да се дерогира неговата работа.

„Дека постои комуникација помеѓу сите политички партии, нормално дека постои и тоа веќе сум го кажал. Јас имам комуникација со градоначалници на локално ниво што имаат потреби за решавање на одредени предизвици со Владата. Вчера се одржаа и состаноците Жан Моне каде разговараа и токму таков е начинот како треба да функционира една парламентарна демократија, бидејќи да не заборавиме местото каде се носат законите, место каде се операционализираат решенија за унапредување на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата и за сите други области е Парламентот. Не смее да се блокира неговата работа ниту да се дерогира неговата улога, преку одржување на лидерски средба каде на политичко ниво без никаква дебата ќе се разговараат теми од оперативен карактер. Повторувам уште еднаш, кога ќе има тема којашто е од стратешко значење за државата тогаш нормално е да политичките партии којшто се претставени во Парламентот да седнат и да го разгледаат таквото прашање.“ рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.