Соопштение за јавност
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски денеска не испрати своја партиска делегација и го бојкотираше централниот настан за чествување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот.
Тоа е срамно, неодговорно и скандалосно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека на партијата предводена од Мицкоски Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа не и значи ништо.
Државноста на нашата земја почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста.
Со денешното отсуство од одбележувањето на овој важен датум, ВМРО-ДПМНЕ повторно се постави антидржавнички, на спротивната страна од интересите и заложбите на граѓаните.