Соопштение за јавност
Неодговорна, штетна и анти-државна е одлуката за блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Мицкоски, по нарачка на Никола Груевски, прави се државата да има дополнителни проблеми во време на најголема светска економска и енергетска криза, среќен единствено кога создава блокади.
Сето ова Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го прават во обид да ја покријат неспособноста на нивните градоначалници, но и криминалот во нивните редови потврден со признанија и ефективни судски пресуди.
Собранието не е пазар туку законодавен дом во којшто се носат закони од интерес на граѓаните. Не може Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се пазарат кој закон ќе го блокираат а кој не. Сите закони блокирани од опозицијата се закони од интерес на државата и за добро на граѓаните и тоа е факт.
Одговорни политичари не прават блокади, не уценуваат, не одмагаат, не се ситат кога на народот му е тешко. Туку спротивно на тоа, помагаат, работат, предлагаат, бараат решенија, нудат предлози.
СДСМ има решенија за деструкцијата на Мицкоски. Со сите демократски средства и деловнички можности, СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и деструкциите од ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволима граѓаните да страдаат заради лични или партиски хирови на Мицкоски.
Парламентарното мнозинство е зголемено, стабилно е и функционално, а парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, во 2024 година.