fbpx

Алаѓозовски: Ја поставуваме културата на ново, повисоко ниво, со целосно вклучување на граѓаните во креирањето на програмата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Граѓанското учество стана главно обележје на нашето работење, во таа смисла е и денешната трибина и денешните говорници кои иако не се партиски членови, некои од нив одамна се со нас и ни помагаат во креирањето на програмата и стратегиите во културата, посочи Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ на трибината на СДСМ “Агенда – Култура 20-24”.

Остануваме посветени на европските вредности и развој, затоа ако нашата земја ако сака да стане дел од европското семејство мора да ги следи тие политики, најбитно е дека културата игра клучна улога во менувањето на нашата свест, свеста на нашите граѓани, а преку  европските политики и концепт ние ги негуваме и ги спроведуваме во нашата програма.

Ако претходно беше слободарска култура, сега таа треба да се насочи кон развој на културата следејќи ги европските трендови, посочи Алаѓозовски.

Алаѓозовски посочи дека културата е клучна од аспект на граѓаните и нивно учество во општествениот живот и затоа треба да водиме политики кои ќе го зголемат опсегот на луѓето кои се вклучуваат во целокупниот општествен живот во културата.

Модниот дизајн, филмската уметност и креативната економија е она на кое треба да останеме фокусирани во следниот период, вградувајќи ги во програмата Наша задача е да ја поставиме културата на ново, повисоко ниво, заклучи Алаѓозовски.

 

Последни вести