Соопштение за јавност
Сликата со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспарентите околу собраниската говорница е вистинската слика за единствената опозиција во светот која блокира Собрание во светска економска и енергетска криза, порача пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група Јован Митрески во обраќање на денешната собраниска седница.
Митрески истакна дека блокадите на важни закони не се национален спас како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.
– Не може ВМРО-ДПМНЕ да е за спас на земјоделството, кога три месеци го блокира Законот за земјоделство и рурален развој, не може да е за спас на енергетиката а осум месеци го блокира Законот за фотоволтаици. Две години го блокирате законското решение за локални патишта и инфраструктура. Е ова е тоа што вие го нудите како наводен национален спас, посочи Митрески.
Митрески истакна дека доколку ВМРО-ДПМНЕ сака избори треба да обезбеди 61 пратеник за распуштање на Собранието но тоа не може да го направи па затоа се обидува да ја блокира работата на Парламентот.