fbpx

Со предлозите Чулев потврдува дека е во матрицата на ВМРО-МВРО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Предлогот на министерот за внатрешни работи во преодната влада Наќе Чулев, за прв човек на СВР Скопје да биде поставен Ристе Ставревски е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се излезени од режимската матрица.

Јавноста го памети Ристе Ставревски како со тогашната министерка за внатрешни работи, а сегашна осуденичка Гордана Јанкуловска разговара за вршење на партиски агитации во предизборен период, како тогашен нејзин советник во кабинетот.

Освен што бил советник на Јанкуловска, Ставревски беше сведок на одбраната на Груевски во случајот на СЈО „Тенк“ каде Груевски беше правосилно осуден на затворска казна.

Човек кој бил десна рака на Јанкуловска, а потоа го бранел криминалот на Груевски, не може да раководи со СВР Скопје – еден од најважните сегменти на МВР.

Ваквиот предлог уште еднаш потврдува дека Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се уште се во матрицата на ВМРО-МВРО, матрица на партизирана и злоупотребена полиција.

Освен одбрана на криминалот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нудат обнова на режимот, обнова на злоупотреба на институциите во партиски цели, обнова на репресијата и заплашување кон граѓаните.

Но тој филм Мицкоски нема да го гледа. Граѓаните нема да дозволат враќање на ВМРО-МВРО, нема да дозволат нови партиски злоупотреби на институциите, на 12 април ќе порачаат режим никогаш повеќе.

Последни вести