Соопштение за јавност
Мерките и политиките што ги спроведува СДСМ во земјоделството ја подигнаа откупната цена на тутунот на највисоко ниво во последните шест години.
Просечната откупна цена за килограм тутун од реколтата 2019-та изнесува 222,5 денари за килограм и е речиси два пати повисока во однос на 2014 година кога беше 118 денари.
За стимулирање на квалитетот со новиот модел на зголемени субвенции тутунопроизводителите се мотивирани да произведуваат квалитетен тутун и да постигнат повисока откупна цена. Субвенциите за прва класа тутун изнесуваат 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и за дополнителните класи.
Досега се откупени 20 милиони килограми тутун, однсно 80 отсто од планираниот откуп. Вредноста на откупениот тутун изнесува скоро 4,3 милијарди денари, од кои на тутунопроизводителите веќе им се исплатени 4,1 милијарди.
Со новиот закон за тутун од оваа година се укинуваат евидентните листови, со што значително се олеснуваат административните процедури за тутунопроизводителите, кои ќе ги склучуваат договорите директно со откупните претпријатија.
Мерките на СДСМ за унапредување на производството на тутун и навремената и неселективна исплата на субвенциите, дополнително го јакнат интересот на земјоделците за производство на квалитетен тутун.
На прав пат сме и на тој пат продолжуваме и по победата на 12 април.