fbpx

Коциќ: На граѓаните им е многу јасно, СДСМ се грижи за нив, ВМРО ДПМНЕ прави пародии во Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија истакна дека она што го гледавме вчера не е ништо ново од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, повремената блокада на македонското Собрание од нивна страна трае 2 години.

Во 2021 кога се носеше буџетот опозицијата излезе од собранието со цел да не се донесе буџетот, мислејќи дека парламентарното мнозинство нема кворум за работа и има болни пратеници, за среќа не беше така и буџетот за 2021 година се донесе без опозиција, потсети Коциќ, додавајќи дека опозицијата блокираше донесување на закони од областа на здравството за набавка на вакцини, носењето на петтиот пакет мерки, а изминатите шест месеци ниту еднаш се нема одржано комисијата за земјоделие и шумарство, чиј претседател е пратеник од опозицијата.

Но ова што од вчера почна да се случува би рекол дека е подигрување со собранието и македонската демократија, класично подигрување со народната волја изразена на изборите 15 јули 2020 година, едно неодговорно однесување чии намери мислам се други, нагласи Коциќ.

Тој додаде дека и на опозицијата и е јасно дека нема поддршка кај народот за блокади, знае дека ова подигрување со собранието предизвикува револт кај граѓаните, во овие тешки времиња, кога има војна во Европа, кога не се знае што ќе се случи утре во односот Русија – Украина или Русија – НАТО и навистина остава лош впечаток за тоа како опозицијата се однесува во собранието.

И вчера се докажа дека парламентарното мнозинство е компактно и работи за грашаните. Јас сум апсолутно за дијалог, како и сите од партијата, меѓутоа не се согласувам дека Ковачевски одбил средба, Ковачевски одби уценување, истакна Коциќ.

Тој нагласи дека работното место на пратениците е во Собранието, во сала за време на седница и го поздрави изгласувањето на предлогот да се исплаќаат патните трошоци само доколку пратениците се на седница.

Непродуктивни трошоци се кога еден дневен ред се носи на една седница, рече Коцев, додавајќи дека за разлика од опозицијата, владата и парламентарното мнозинство на СДСМ во текот на 2 години пандемија и веќе шест месеци од војната во Украина носат конкретни месрки со кои му се помага на секое семејство, се амортизираат ударите од кризата со субвенционирање на електричната енерија, укинување и намалување на ДДВ, зголемување на плати.

На граѓаните им е многу јасно кој се грижи за нив, а кој прави пародии во Собранието, порача пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ, во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија.

Последни вести