Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Рашела Мизрахи
Техничката министерка Мизрахи јавно покажа дека продолжува по стапките на Диме Спасов, најнеспособниот министер за труд и социјална политика и докажа дека е заробена во режимот на груевизмот.
Ваквите обиди за внесување на тензија и грижа кај граѓаните се типично режимско однесување и злоупотреба на човечки судбини.
Самиот тим на Мизрахи е олицетворение на режимската матрица во која ВМРО-ДПМНЕ е длабоко западната.
За потсетување, во тимот на Мизрахи е Ѓоко Велески поддржувач и поборник на груевизмот, соработник од времето на неспособното владеење на Диме Спасов.
Токму тоа беше времето во кое што освен немилосрдно се трошеа пари на луксуз и расипништво никој не водеше грижа за сиромашните, стечајците беа игонирани и турнати на маргините, а социјалната помош беше срамна и недоволна за ништо, пензионерите беа постојано манипулирани а усогласувањето на пензиите беше злоупотребувано за купување на гласови пред избори, а жените беа маргинализирани.
Изјавите на Мизрахи се потврда дека таа не е спремна да биде технички министер туку слугува на режимот.
Техничката Министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, после 2 дена работа покажува некомпетенции и демонстрира дека не го прочитала новиот Закон за социјална заштита со кој надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надомеаток, е пренесна на 15 стручни комисии формирани од страна на Министерството за здравство.
Министерката уште пред да почне да раководи до МТСП требаше да знае дека оваа комисија не е во надлежност на Министерството туку на Јавната установа која во рамките на својата дејност третира проблеми од областа на психо-физичкиот развој на лица со одреден вид на попреченост.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска за само 2 и пол години направи многу повеќе од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.
Со реформирањето на Комисијата, Министерството за труд и социјална кое е предводено од тимот на министерката Царовска покажа грижа за секој граѓанин и за професионално работење на Комисијата којашто во времето на претходната власт беше извор на непочит и корупција.