Соопштение за јавност – реакција на изјава на Невенка Стаменковска Стојковски
Режимската матрица ја држи ВМРО-ДПМНЕ заробена во злоупотреби на се, особено на администрација, денес администрацијата се дигитализира и професионализира, а се вработува исклучиво по годишни планови
ВМРО-ДПМНЕ е симбол на злоупотреби, уцени, непрофесионална администрација и затоа нема кредибилитет да зборува за јавна администрација.
Режимската матрица ја држи заробена оваа партија во моделот на злоупотреби на се, најмногу на јавната администрација.
Времето кога се вработуваше зад кулиси и го криеше бројот на вработени во адмонистрација заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Доколку ВМРО ДПМНЕ навистина се залага за професионализација и партизација на јавната администрација, ќе го поддржеше Законот за висока раководна служба, кој е подготвен со поддршка на ЕУ и СИГМА.
Наместо тоа, на комисиската расправа во Собрание го видовме старото, исто ВМРО ДПМНЕ. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ јавно и недвосмислено се изјаснија дека сакаат да продолжат со истите пракси и дека ништо не треба да се промени во начинот на избор на раководните лица.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ одговорно и пред се транспарентно раководи со јавната администрација, се почитуваат законските процедури и се вработува исклучиво по усвоени годишни планови за вработување.
Затоа на 12 април граѓаните ќе порачаат- режим никогаш повеќе и СДСМ ќе победи убедливо на изборите.