Соопштение за јавност
2019 година се покажа како исклучително позитивна година и на полето на економијата во нашата држава. За тоа потврдуваат бројните успеси кои се постигнаа преку реализација на мерките и реформите од програмата на СДСМ.
Од економија која што во последниот квартал од владеењето на ВМРO-ДМПНЕ бележеше негативен раст од -1.8%, стигнавме до раст од 3.6% во третиот квартал на 2019 година.
Силниот придонес на приватната потрошувачка врз економскиот раст продолжи во првото полугодие од 2019 година, поттикнат од растот на платите!
Растат платите во сите сектори.
Во 2019 година повисоки плати добија вработените во здравството, образованието, детските градинки, социјалната служба, одбраната, полицијата, судството и јавната администрација.
Од декември минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари. Тоа е за 5.500 денари повеќе во однос на 2017 година кога минималната плата изнесуваше само 9.000 денари.
Невработеноста во 2019 година е намалена на рекордно ниски 17,1%. Само во третриот квартал од 2019 година отворени се нови 5.263 работни места и во моментов има речеиси 800.000 вработени.
Градење на конкурентна и развојна економија и вложување во човечкиот капитал како генератор во севкупниот економски раст и развој е она на кое што СДСМ останува посветено да работи и во новата 2020 година.
На прав пат сме, платите растат, се отвораат нови работни места, а стапката неврабитеност опаѓа.