fbpx

СДСМ и мнозинството ќе ги искоритат деловничките можости да се усвои ребалансот на Буџетот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Одговор1: ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг временски период го прави истото што го прави односно што го најави во Собранието, впрочем новитет беше само тоа што го официјализираа бојкотот со којшто се обидуваат да ги опструираат и блокираат важни закони којшто треба да се донесат за граѓаните, некаде околу седумдесетина.
Како што и сами напоменавте ребалансот ќе се најде за многу скоро пред пратениците, јас не очекувам дека ќе биде блокиран напротив ние како владејачко мнозинство сме подготвени да ги искористиме сите алатки и сите можности којшто ги дава и деловникот се со цел да го донесеме и ребалансот и останатите закони затоа што е важно во вакви услови кога се соочуваме со енергетска и економска криза, важно е да се носат суштински реформски закони, да се донесе и ребалансот и сето она што е во насока да го подобри стандардот на граѓаните и секако да помогне полесно да се справат граѓаните со последиците од овие кризи.

Одговор2: Очекувам дека ќе надвладее и разумот и кај останатите пратеници којшто доаѓаат од опозицијата впрочем ние секојдневно во Собранието слушаме голем број на пратеници којшто доаѓаат од редовите на опозицијата, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ дека ова што се прави не е добро и дека треба да заврши,да се донесат и да се помогне на граѓаните. Очекувам дека разумот на тие пратеници ќе надвладее и дека конечно ќе почнат да работат во функција на граѓаните и заеднички ќе носиме суштински и важни закони, впрочем тоа е поентата и оној апел со којшто секојдневно ние повикуваме да отвориме суштински материјална расправа по законите и доколку имаат конкретни решенија и предлози за да се подобри законскиот текст и да се подобрат тие закони, зеднички да дискутираме, да дебатираме и да го донесеме најдоброто решение.
Тоа е нешто што граѓаните го очекуваат од нас, тоа е нешто што мораме заеднички да го направиме и нешто што е потребно и нужно за да се донесат суштински, важни решенија за граѓаните во овие исклучително тешки периоди, во време кога се соочуваме со најголемата економска и енергетска криза, важно е да имаме опозиција која што нема да опструира и блокира туку ќе соработува и секако заеднички ќе носиме решенија.

Последни вести