fbpx

За пет години изградивме 69 градинки, платите во детската заштита растат постојано

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Елена Устамитова, претседателка на комисија за труд и социјална политика на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ е посветена на унапредување на системот на детска заштита и зголемување на опфатот на деца во градинките.

За само пет години Владата предводена од СДСМ успеа да изгради, реконструира и догради 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца во градинките се зголеми за 4.300 дечиња.

До крајот на оваа година предвидено е отворање на 13 нови објекти на детски градинки со капацитет за 1.360 деца.

Од друга страна, за време на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени или реконструирани само 45 детски градинки.

Денес во некои општини градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не отвораат веќе изградени градники а пример за тоа е градинката во Волково, во општина Ѓорче Петров.

Покрај зголемување на просторните услови, Владата предводена од СДСМ инвестира и во зголемување на платите на персоналот во градинките.

За пет години платите на негувателките и воспитувачките се зголемија за 21 отсто.

Со постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК предвидено е рекордно зголемување на платите за 15 отсто од септември оваа година.

Истовремено, важно е да се напомене дека на вработените во градинките ќе им бидат исплатени платите за периодот додека тие штрајкуваа.

И додека растат платите во детската заштита расте и просечната плата која сега изнесува 31.080 денари со што се реализира едно клучно ветување за просечна плата од 500 евра.

Почитувани,

Ова се примери на вистинска грижа за детската заштита кој е еден од клучните сектори за идниот развој на едно општество.

Како одговорна партија, продолжуваме да инвестираме во сето она што е важно за нашите граѓани.

Последни вести