fbpx

Колева: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лаги и манипулации, да го сврти вниманието од предметот Талир-2

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ останува симбол на криминал и корупција во нашата држава, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Колева при реплика во Собранието.

Таа наведе дека опозицијата во собранието зборува за законот за енергетика, а за една вазна платиле 180 000 евра.

Сето она што го слушаме изминатите два дена е обид за свртување на вниманието од најактуелното за ВМРО-ДПМНЕ а тоа е случајот Талир-2 и барањето за одземање на нивната Бела палата, која имала теписони од 20.000 евра, лустери од 20.000 евра, плочки од 100.000 евра, вазна од 180.000 евра, рече Колева.

Таа истакна дека на ВМРО-ДПМНЕ, енергетиката и обновливите извори на енергија воопшто не му се важни.

Пратеничката Колева ги демантираше лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека во државата се плаќа најскапо гориво и истакна дека бензинот и нафтата, во регионот во моментот се поскапи во Србија, Словенија Хрватска, Бугарија Босна Албанија и Грција.

Со сите интервенции што ги направи и ќе ги прави владата во време на светска енергетска криза струјата се покачи за 9,48 проценти, тоа го пишува на сметките и луѓето го гледаат и покрај вашите манипулации и лаги, се испостави како лажна паниката што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше во ноември и декември 2021 година кога луѓето живееја во страв дека во државата воопшто ќе нема струја, истакна Колева додавајќи дека ситуацијата се следи и ќе се интервенира и со нови мерки.

Последни вести