Соопштение за јавност
Оваа Влада сите одлуки ги носи низ економско социјален дијалог со сите синдикати, не ги носиме затворени во канцеларии, минималната плата беше донесена низ економско социјален дијалог така ќе биде донесено и покачувањето нас платите во останатите сектори, дијалогот со ССМ продолжува порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
Дијалогот, додаде тој, дал резултати во покачувањето на платите во образованието и детската заштита и тој пример ќе следи и во другите сектори, но и дека ќе следува нов начин на пресметка на платите во јавниот сектор.
„Наставниците и негувателите и негувателките во градинките се дел од јавниот сектор и драго ми е што низ дијалог покажавме дека сме држава со институции и со правни механизми. Беше искористен институтот на медијаторство, беше постигнат договор со СОНК на заемно задоволство, бидејќи наставниците заслужуваат да имаат поголеми примања. 15 отсто ќе им биде зголемувањето, планирано е зголемување на платите и кај универзитетските професори. Но мора да има и нова методологија за пресметка на платите. Мора да се изврши усогласување бидејќи има институции кои се значајни, меѓутоа кои имаат ниско ниво на плати и затоа не можат да се задржат работниците кои работат во нив а тие се потребни за државата. Значи се бара и продуктивност и дисциплина и колку што е сработено, а тоа е на крајот продуктивноста кога ќе пресметате. Затоа кога разговаравме и со СОНК и со ССМ разговараме за 3 работи, првата работа е зголемување на платите, втората работа е методологија за зголемување на платите во која што методологија ќе треба да биде вклучен и перформансот на вработените, зголемување на ефикасноста и зголемување на нивната продуктивност. И уште една работа донесување на нов Закон за плати, за него ќе треба сигурно шест месечен период за усогласување, меѓутоа има голема неконзистентност во платите во јавниот сектор каде што претседател на држава има одредено ниво на плата, а некое јавно претпријатие кое често пати работи и со загуба, платата на менаџмент тимот таму е врз основа на некакви менаџерски договори двојно поголема од претседател на држава“ порача Ковачевски.