fbpx

Штета прави Мицкоски, дома блокира закони а надвор поткопува државни позиции со Бугарија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски делува против интересите на граѓаните и на државата, и во земјата и во странство.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во парламентот со месеци, со години блокира донесување на клучни закони од интерес на граѓаните. Таа е единствена партија во Европа, која во време на криза го блокира собранието.

Шефот на луксузната Бела палата, Христијан Мицкоски со Резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП) ги поткрепува ставовите на Бугарија која го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ и во клучни моменти, ги поткопува државните позиции.

Мицкоски прави штета на граѓаните и на државата и дома и надвор од земјата.

Граѓаните очекуваат одговор зошто Мицкоски работи против нивните интереси во државата и зошто во клучни моменти се става на страната на Бугарија.

Последни вести