Соопштение за јавност – реакција на трибината на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е синоним за криминал, корупција и расипништво, што стана најбогатата во Европа на грбот на граѓаните, токму од Белата палата зборува за сиромаштија.
Ова е врв на политичко-криминална перверзија манифестирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Собрани во Белата палата, опремена со вазни од 180.000 евра, лустери од по 22.144 евра, подни плочки од 102.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.125 евра, теписон од 20.000 евра зборуваат за сиромаштија.
Па ете нека ги продадат сите овие скапоцености, нека го продадат Белиот дворец и парите нека ги вратат назад кај граѓаните.
Потоа ќе имаат кредибилитет да зборуваат.
Во време кога цела Европа е зафатена од криза, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не одвоија ни денар за помош на граѓаните но затоа потрошија милиони евра за партиски вработувања, за набавка на луксузни автомобили, скапи компјутери и мобилни телефони.
Толку е грижата на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, едно големо ништо, нула.