Соопштение за јавност
Во време на најголема економска и енергетска криза премногу се опструира, се прави вештачка тензија и еден вид театар во македонското Собрание.
Тој избор на опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека немаат концепт, не знаат каде тераат и што е многу поважно покажува дека не сакаат да им помогнат на ниту еден начин на граѓаните.
Пратениците се избрани од граѓаните и треба да работат за граѓаните. Собранието треба да биде функционално во интерес на граѓаните.
Доста беше тетар, опструкции, тензии, не поминува тоа и нема никаков ефект. Слики како оние од 27 ми април или оние од 24 декември нема да дозволиме да се повторат.
Редно е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа.