fbpx

Богоев: СДСМ со мерки и политки создава поголеми можности за инклузија за Ромите во сите општествени текови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Сите сме во криза, разликата меѓу нас и другите држави е дека таму и власт и опозиција и политика и бизнис се заедно да се справат со кризата, само кај нас опозицијата одлучува да прави блокади и опструкции, да протестира и да биде штетна и деструктивна во една ваква ситуација, рече потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за порталот Рома Њуз.

Тој додаде дека Владата предводена од СДСМ работи интензивно, преку пакети директни мерки, кои ќе продолжат, нои дека досега се постигнати низа резултати.

Во измнатиот период постигнавме историски раст на минималната плата на 18.000 денари, а просечната плата се искачи на 31.000 денари, како што беше предизборното ветување на СДСМ, растат и пензиите, нагласи Богоев, додавајќи дека СДСМ работи да се санираат штетите од кризите и да се помогне на граѓаните.

Во врска со состојбата на ромската заедница во државата, Богоев истакна дека континуирано се работи на подобрување на животниот стандард, се инвестира во инфраструктурата, во образованието, оперативните мерки за вработување.

СДСМ е првата партија, која го започна концептот на едно општество за сите како концепт на еднакви можности за сите, за еднаквост, заедништво и меѓусебно почитување, нагласи Богоев, додавајќи дека се работи во интерес на сите Роми.

Тој истакна дека во таа насока е усвојувањето на новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030, со која што се предвидени политики и мерки со кои што се создаваат поголеми можности за инклузија за Ромите во сите општествени текови.

За имплементацијата на Стратегијата за Ромите за 2022 година се издвоени 73,3 милиони денари, што е зголемување за над 14 милиони денари во споредба со буџетот за 2021 година, рече Богоев.

Потретседателот на СДСМ Богоев рече дека децата се нашата иднина, а инвестирањето во нив е инвестиција во иднината.

Токму затоа во учебната 2021/2022 година, 187 деца Роми од социјален ризик се вклучени во предучилишно образование со ослободување од партиципација во 15 општини, од учебната 2009/2010 до 2021/2022 година доделени се 8.543 стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во земјава, а од академската 2016/2017 година, од кога почнува доделувањето за првпат стипендии за студенти Роми до академската 2021/2022 година, доделени се вкупно 512 стипендии на студенти Роми, нагласи Богоев.

Тој истакна дека трајно решение за Ромите е вклучување на пазарот на труд и обезбедување на трајно вработување, а тоа се прави и преку активни мерки за вработување, во кои за периодот 2022/24 за прв пат има квота од 5% за вработување на припадници на ромската заедница.

Среќен сум што интензивно работиме, со што се зголемуваат усовите Ромите да бидат конкурентни на пазарот на трудот да можат да обезбедат нормален живот, за себе и своето семејство и да градат кариера во нашата заедничка држава, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за Рома њуз.

https://m.facebook.com/watch/live/?extid=CL-UNK-UNK-UNK-AN_GK0T-GK1C&ref=sharing&v=710989736623798&_rdr

Последни вести