fbpx

Мостот на АСНОМ се уште не е во функција, Арсовска да ги надмине сопствените хирови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заради хировите на Данела Арсовска над 100.000 граѓани на Скопје, од Аеродром и Гази Баба, со месеци се заложници на нејзината неспособност.

Мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба се уште не е во функција иако веќе е направен технички прием на проектот.

Мостот е проект на минатата локална власт од СДСМ и е од исклучително значење за намалување на сообраќајниот метеж како и за полсен транспорт во овој дел од Скопје.

Без разлика дали причината е тоа што мостот е на проект на претходниот градоначалник или пак фактот што Арсовска најави дека ќе го прекине проектот па по притисок на јавноста сепак го продолжи, граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на Данела Арсовска.

Арсовска треба да ја надмине својата суета, а постот на булеварот АСНОМ треба да биде ставен во функција што поскоро, бидејќи тоа значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град.

Последни вести