Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е без срам, не се откажува од луксузот и Белата Палата, стекнати на коруптивен начин. Сега Мицкоски стана и обвинител и судија, па стана и експерт за кривични постапки.
Мицкоски заврши времето на судии и обвинители од министерски црни тевтерчиња, со баџаначки и кумовски врски! Во ниту една земја во ЕУ не постои таков коруптивен скандал на политичка партија која 11 години била на власт, да краде од граѓаните за врхушката на партијата да се луксузира.
ВМРО ДПМНЕ незаконски се финансирала, и остварила 4.6 милиони евра корист. Мицкоски може да раскажува колку сака лаги и измислици, доказите говорат дека ВМРО ДПМНЕ за да ја изгради прескапатс и прелуксузна, Бела Палата каде сега царува тој, градежната компанија која го правела дворецот имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политичките партии, Законот за финансирање на политичките партии и на Законот за облигационите односи.
Тоа значи само едно дека Белата Палата и луксузот во неа се од парите на граѓаните.
Ако на Христијан Мицкоски му беа важни граѓаните на оваа земја одамна требаше да им се извини за единаесет годишната кражба.
Ако ВМРО ДПМНЕ беше реформирана партија, Христијан Мицкоски ќе се откажеше од теписите од по 20.000 евра, прибори за кафе и колачи, вазни за цвеќе вредни стотици илјади евра, кристални лустери, модерни теретани и се што има во неговиот бел дворец.
Во ЕУ нема место за корумпирани политичари како Мицкоски и раководството на ВМРО ДПМНЕ.