fbpx

Отворен повик за кандидирање на Претседател, Извршен одбор и Надзорен одбор на Локалните клубови на СДММ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалдемократската младина на Македонија објавува отворен повик за кандидирање на Претседател, Извршен одбор и Надзорен одбор на Локалните клубови на СДММ.

Заинтересираните кандидати за Претседател на ЛК на СДММ својата кандидатура ја поднесуваат до ИО на СДММ на емаил адреса: pretsedatel2022@gmail.com
со прикачувње на потребните документи и тоа:

 

Кандидатите за претседател на ЛК на СДММ треба да ги исполнуваат следниве критериуми:

  • да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина
  • да се истакнати членови на СДММ кој со својот досегашен партиски ангажман имаат препознатлив придонес за СДММ и СДСМ
  • да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДММ
  • да имаат јасна визија за идниот развој и делување на СДММ на локално ниво
  • да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап
  • да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги
  • да потпишат изјава за прифаќање на Етичкиот кодекс на СДСМ и истиот целосно да го почитуваат.

Рокот за аплицирање е до 22 јуни 2022 година.

Последни вести