fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за 11 години не скаараа со цел свет и немавме признаена црква

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема поголемо понижување од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го има направено на земјава и на македонскиот народ, почнувајќи од последната поддршка на резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија.

Со ВМРО-ДПМНЕ државата беше во меѓународна изолација, скрана со соседите, со целиот демократски свет, далеку назад, без евроатлантска интеграција.

Заради нивните деструкции и црквата ни беше непризнаена.

Охридската Архиепископија, вчера во присуство на претседателот Ковачевски, сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија.

Враќањето во канонското единство со православните цркви, литургијата која се служеше на македонски јазик, се уште една потврда за нашата македонска посебност и за македонскиот идентитет.

Со СДСМ државата оди напред во секој поглед и ниже успеси. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува.

Последни вести