fbpx

Јазикот е чист македонски јазик, вчера тоа и Мицкоски го повтори, денеска друго, кој Мицкоски е ова­?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вчера Христијан Мицкоски велеше дека зачувувањето на чист македонски јазик во ЕУ е измислен успех, дека никогаш не бил спорен македонскиот јазик, за утрово неговата ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека јазикот ни бил загрозен.

Едно зборува Мицкоски на прес-конференции, друго преку соопштенија од белиот дворец. Кој Мицкоски е реален, овој од денеска кој тврди дека македонскиот јазик ќе биде оспоруван пред ЕУ или тој од вчера кој велеше дека македонскиот јазик не е спорен?

Ваквото несериозно однесување за важни национални прашања само потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат државнички капацитет и нивните ставови се менуваат од ден за ден.

Во предлогот на француското претседателство јасно може да се види дека се содржани нашите ставови и забелешки, дека имаме чист македонски јазик во ЕУ, дека македонскиот идентитет е заштитен целосно, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.

Последни вести