Одговор на новинарско прашање, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Прашање: Заведените изјави на нотар на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вие ги спорите, зошто?
Одговор: Врз основа на она што можеме да го заклучиме од релевантни правници, освен име и презиме нема ниту адреса ниту матичен број во нивните изјави, а ниту број на лична карта на лицата коишто се потпишани на тие нотарски изјави. Поради тоа ќе оставам на стручната јавност да проценува дали овие изјави се валдини или не. Второ, ова само по себе покажува дека нема доверба помеѓу нив за она што имаат план да го прават штом имаат потреба на нотар да даваат изјави, пратеници кои се избрани од граѓаните од оваа држава да се обврзуваат со нотарски изјави како ќе постапуваат во следниот период.