Соопштение за јавност
Клучни прашања во креирањето на новиот предлог буџет е како да ги задржиме младите дома, како се повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните, повисок животен стандард и грижа за сите граѓани. – истакна пратеничката од редовите на СДСМ, Катерина Кузмановска на комисијата за финансирање и буџет.
Кузмановска посочи дека буџетот за 2020 година е развоен и насочен кон инвестиции во човечкиот капитал, воедно преку покачувањето на платите и во јавната администрација и преку поддршката во приватниот сектор. Преку подигнување на животниот стандард на граѓаните , се овозмжува поголема лична потрошувачка, а сето тоа влијае на економскиот раст на државата.
Преку редизајнираниот систем на социјалната заштита 300 000 граѓани добиваат повисоки месечни надоместоци, па така наместо 3000 денари, најранливите категории сега земаат 11 600 денари, со цел извлекување од сиромаштија.
Како дел од предвидените средства со предлог буџетот за 2020 година, Кузмановска ги посочи и субвенциите за придонеси во приватниот сектор со кој се опфаќаат 100 000 вработени во вредност од 39 милиони евра. Потоа, покачувањето на пензиите од 700 – 900 денари за 320 000 пензионери, како и обезбедени 8 000 денари за 12 000 стечајци.
Во однос на инвестирање во човечки капитал во здравството, пратеничката Кузмановска ги посочи растот на платите во овој сектор, со цел поголема мотивираност и достојност на професијата доктор. Колку е поголем влогот во човечкиот капитал, без разлика дали се работи за здравството, образованието или друг сектор , можеме и да очекуваме поголема продуктивност.- заклучи Кузмановска.