fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лустрираше уметници, денес проектите во културата ја поттикнуваат слободата на уметниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто лустрираше уметници, писатели како Славко Јаневски, а великанот Блаже Конески го нарекуваше „џуџето од Небрегово“ порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во одговор на новинарско прашање.

Во однос на нападите од ВМРО-ДПМНЕ кон министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, портпаролката Кузеска подвлече дека станува збор за произволно толкување на нејзината изјава од страна на опозициската партија, додавајќи дека политиките што се реализираат во културата ја поттикнуваат слободата на уметничкото изразување.

“Проектите во културата и тоа како ја поттикнуваат слободата на уметниците и тие дела и тие проекти зборуваат сами за себе.“ заклучи Кузеска.