fbpx

Елвин Хасан на граѓанска трибина: Ресен и целата држава се на прав пат од кој не треба да отстапиме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ресен и целата држава е на прав пат од која не треба да отстапиме, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците Елвин Хасан, која е дел од коалцијата предводена од СДСМ, на трибината „На прав пат“ во Ресен
 
Ми претставува особена чест што сум дел од колаицијата со СДСМ, бидејќи заедно градиме едно општество за сите, концепт што  отсекогаш е поддржуван од Турците, рече Хасан, додавајќи дека градиме општество на сите граѓани, во кое сите граѓани ќе ја чувствуваат земјата како своја.
 
Хасан соопшти дека во собранието се разгледува закон за права на помалуборјни заединци, со кој се вклучуваат граѓаните и сите општествени чинители во градење на политиките.
 
Работиме и на економските политики,  од 2017 имаме повеќе 700 милиони странски директни инвестиции, отворивме над 50 илјади нови работини места, економијата е во пораст и така ќе продолжиме, истакна Хасан, кој е и министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.
 
Со вашата поддршка на 12 април ќе ги завршиме почнатите проекти и ќе обезбедиме подобра иднина за сите граѓани, кои и вечерва го покажуваат единството што го градиме по сите градови и села, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците, Хасан.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Последни вести