fbpx

Стануваме членка на НАТО додека МО го води жена, тоа е доказ за успешноста на нашите политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Раководам со ресор кој сеуште се смета за машки., но ете не стануваме членка на НАТО, истакна заменик претседателката Радмила Шекеринска на трибината на Форумот на жени на СДСМ под мотото „ 20 години чекориме по патот на еднаквоста“.

Веќе две и пол години, одбраната на Република Северна Македонија е водена од жена, и да се послужам со некои машки реплики – сонцето и понатаму изгрева на исток.

И да не заборавам – Северна Македонија влегува во НАТО кога на чело на одбраната е жена.  И платите во одбраната се повисоки. И законите подобри. Пари има повеќе и подомаќински се трошат. Но секако тука е и поддршката за нашите колеги, заеднички работиме за нашата земја. додаде Шекринска.

Ако ги соберете буџетите на министерствата предводени од жени, ќе видите дека иако сме само 4 наспротив 12, вкупниот буџет е два пати поголем од буџетите на нашите машки колеги. Премиерот имал доверба во нашето менаџирање на парите. И со право. Од 5те првопласирани министерства по прашањето на транспарентност и интегритет во јавните набавки, 4 се токму министерствата предводени од жени, тоа доказ дека знаеме да работиме чесно и домаќински, доказ за нашите успешни политики, заклучи заменик претседателката Шекеринска.
 
 
 

Последни вести