fbpx

ВМРО-ДПМНЕ потроши 10.5 милиони евра за фасада на МЕПСО, СДСМ за 10,5 милиони евра изгради и рехабилитираше 6 патни правци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност
 
ВМРО-ДПМНЕ 11 години расипнички ги трошеше парите на граѓаните. За 11 години истрошија 700 милиони евра на барок, фасади, жални врби. СДСМ за неполни 2 и пол години инвестираше 800 милиони евра во патна инфраструктура. За 11 години ВМРО-ДПМНЕ успеа да направи само 650 километри патишта, ние за 2 и пол години изградивме и рехабилитиравме патни правци во должина од 500 километри, е тоа е разликата –порача Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски.
 
Бочварски потенцираше дека вложувањето од 1 милион евра во инфраструктура прави поврат од 3.5 милиони евра во економијата, во бизнисите во нови работни места.
 
ВМРО-ДПМНЕ дебело ја оштети државата. Тие истрошија 10.5 милиони евра на фасада на МЕПСО, ние за истите пари изградиме 6 патни правци меѓу кои автопатот Куманoво-Свети Николе, затоа оваа сала е преполна, затоа граѓаните и граѓанките на Свети Николе се на прав пат, затоа СДСМ убедливо ќе победи на 12ти април, заклучи Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски пред огромниот број присутни.

Последни вести