Соопштение за јавност
Со законските измени државното земјоделско земјиште ги ставивме во функција на земјоделците. Свети Николе е најдобар пример за тоа. Денеска се исплатија близу 500 илјади евра на 7 илјади сточари. Овие пари се дадоа на сточари кои го зголемиле своето стадо, споредувајќи ја 2017 со 2018 година.Оваа мерка има за цел да ги стимулира сточарите , затоа што знаеме дека сточарството не е лесна гранка.-рече Трајан Димковски, член на ЦО и министер за земјоделство на денешната трибина во Свети Николе.
Токму овие 7 илјади ,земајќи во предвид дека вкупниот број е 17 -18 илјади,ние имаме 30-40 отсто зголемување на основното стадо од минатата година. – истакна Димковски.
Со цел стимулирање на младите земјоделци да започнат или ќе наследат бизнис од своите родители, решивме да ја зголемиме финансиската помош од 10 илјади на 20 илјади евра. Целта е да направат доработка и да понудат готов производ до крајните потрошувачи.-истакна Димковски.