Мицкоски поднесе неуставна иницијатива за одржување на референдум само за спас на неговата фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на неговото опкружување.
Откако му пропаднаа сите обиди за дестабилизација, му потонаа лагите за асимилација и бугаризација, Мицкоски повторно се обиде да ги изманипулира граѓаните.
Мицкоски и неговите пратеници не гласаа против Договорот за добрососедство со Бугарија. Сега, пет години подоцна бараат референдум против овој договор за одговорноста да ја префрлат кај граѓаните.
Но граѓаните го прочитаа, завртеа грб на незрелоста, неодговорноста и деструктивноста на Мицкоски и му порачаа дека се за европска иднина.
СДСМ, заедно со демократски сили, заедно со граѓаните, нема да дозволи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат европската иднина и државата да ја вратат назад во изолација и поделби.