Писмена реакција на ОО СДСМ Карпош на изјава на Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ
Веднаш ќе ја решиме мистеријата на Тони Јаревски, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Општина Карпош.
Меѓу другите причини, Карпошово културно лето е тридневен настан, затоа што неговиот коалиционен партнер Стевчо Јакимовски финансиски ја колабираше Општината, плаќајќи големи суми на народни пари за естрадни уметници од соседството.
Сепак, новото општинско раководство се одлучи да го организира Карпошово културно лето, но се стави акцент на домашните изведувачи, младите таленти, квалитетната музика и урбаниот дух. Сето ова, за само еден милион денари.
И покрај наследениот долг од 18 милиони евра, Општина Карпош денеска оди напред и се развива, во различни области од локалното живеење.
За 2 години во Карпош се посадија повеќе од 300 нови дрвја. Се исчисти децениската депонија на Кејот на Вардар (кај мостот Газела), а се затворија и децениските депонии кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Во тек на реализација е и Спортско–адреналинскиот парк, на потегот кај алпинистичката карпа. Овој дел прераснува во уредена спортско – рекреативна зона, со многу повеќе зеленило, а дополнително ќе се уреди потегот до бунарите на р.Лепенец.
Бардовци доби целосно нова градинка, а нов објект на градинка доби и „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2.
Финализираат и голем број на реконструкции по основните училишта. Направена е санација на спортската сала на ООУ „Владо Тасевски“, во Козле, обновени се тоалетите во ООУ „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“, а во процес на реализација е еден реонски базен во дворот на училиштето „Јан Амос Коменски“.
Картичката Мој Карпош е реализирано ветување. Карпошани пазаруваат и добиваат услуги по пониски цени во над 250 локали во Карпош.
Силно веруваме дека и советникот Јаревски веќе ја користи оваа картичка.
Денеска, на задоцнетата прес конференција Јаревски можеше да спомене и за обновениот терен „Сокол“ и рестартирањето на Меморијалниот турнир во мал фудбал, новите фитнес зони во Карпош 4 и на Кејот на Вардар, како и маалското паркче, урбан сквер во Тафталиџе 2.
Добро е што ВМРО-ДПМНЕ го следат работење на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.
Исто така, добро е да знаат дека пред една недела градоначалникот Богоев презентираше што се е направено во изминативе две години, преку мултимедијалната кампања „2 години со љубов за Карпош“, којашто чинеше нула денари.
Во прилог на ова соопштение испраќаме линкови од реализираните активности на Општина Карпош во изминативе 2 години, во различни области:
· Животна средина: https://www.youtube.com/watch?v=ZIg731Rq3eM
· Спорт и млади: https://www.youtube.com/watch?v=fWWTdBgk_BY
· Детска заштита: https://www.youtube.com/watch?v=zxnb7TIN6YY
· Картичка „Мој Карпош“ : https://www.youtube.com/watch?v=tm4Zfrngr1c
· Инфратруктура: https://www.youtube.com/watch?v=hW1a8Ki9MHw
· Уредување на јавни површини: https://www.youtube.com/watch?v=WnKnQqrB4h8
· Обраќање на Стефан Богоев по повод 2 години мандат: https://www.youtube.com/watch?v=LpHMtov38u8