Соопштение за јавност
Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со организирање на партиски протести, тоа е доказ дека опозицијата е безидејна и очајна.
На наводниот протест на земјоделците наместо вистински земјоделци, присуствуваа истакнати партиски функционери, претседатели на месни кометити, на Општински комитети на Неготино на Радовиш, семејства на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во државни институции кои глумеа лажни загрижени земјоделци.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вистински се грижи за земјоделците и го враќа достоинството на земјоделството.
Доказ за успехот на аграрните реформи на СДСМ се официјалните информации.
195 милиони денари се исплатија во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари кои што директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.
Владата предводена од СДСМ донесе одлука за дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари за да се намалат загубите на одгледувачите на овци поради ниската откупна цена.
Со ребалансот на буџетот, обезбедени се нови 915 милиони денари за субвенции за дополнителни мерки кои ќе ги добијат земјоделците за различни видови земјоделски производи.
Досега Владата исплати 314 милиони евра за поддршка на земјоделците, а се исплатија и заостанатите долгови кои ВМРО-ДПМНЕ ги остави за неисплатени субвенции во 2014, 2015 и 2016 година.
Грижата за земјоделците е на прав пат, аграрните реформи даваат резултати, се повеќе пари завршуваат кај земјоделците, се обезбедува поконкурентно земјоделство.