fbpx

За колку мед на шпицниот градоначалник Мицкоски пропаѓаат тендерите во Скопје?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пред само шест месеци, Христијан Мицкоски најави дека преговорал за набавка на 100 нови електрични автобуси за потребите на ЈСП Скопје.

Тогаш Мицкоски од партиска говорница се стави во улога на градоначалник на Скопје и говореше во името на неговата кандидатка а потоа и градоначалничка Данела Арсовска, тогаш се промовираше како шпицен градоначалник, партизирајќи ги институциите.

Но од тој проект најавен од Мицкоски, шест месеци подоцна нема ништо.

Скопје стагнира цела година. Во меѓувреме, изби корупциски скандал тежок 136 милиони евра, кавги и превирања внатре во ВМРО-ДПМНЕ.

Заеднички именител на сите овие скандали се парите и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоскио.

Откако се скара со Арсовска, на виделина излезе дека шпицниот градоначалник Мицкоски и неговите кадри како Перински се фатени со рацете во медот.

Шпицниот градоначалник Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

За колку мед му пропаѓаат тендерите на Мицкоски во Град Скопје?

Последни вести