fbpx

Калеска – Ванчева: Деновиве ќе се објави нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството,и во време на криза ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокадите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Парламентарното мнозинство и Владата предводени од СДСМ продолжуваат со грижа за граѓаните и помош за домашното стопанство, посочи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева во емисија на Јавниот сервис.

„СДСМ кон оваа криза пристапува со голема внимателност и грижа за сите. Овие денови ќе бидат објавени нови мерки за помош на граѓаните но и на стопанството и тие мерки се резултат на сеопфатни преговори меѓу сите засегнати страни. Да потсетиме дека цената на струјата е субвенционирана од страна на државата а имаме и мерки за помош на малите и средни комапнии“ порача Калеска – Ванчева.

Пратеничката на СДСМ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ дури и во време на криза не се откажува од блокадите на Собранието а се со цел да нанесе штета не на Владата туку на интересите на граѓаните, додавајќи дека партијата предводена од Христијан Мицкоски досега покажала дека нема став за ниту едно важно државни прашање, туку се води единствено од дневна политика.

Последни вести