fbpx

Левица застанува против земјоделците, новиот систем на субвенции е поправеден и поефикасен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Новиот систем на финансиска поддршка за земјоделците значи ставање на македонското земјоделство на европски патеки. 

Јасно е дека тоа е несфатливо за прокламирана антиевропска партија како Левица, па затоа денеска шират полуинформации и невистини.

Со новиот систем субвенциите за сите земјоделци ќе мора да докажат ќе мораат да докажат дека имаат остварено производство, а за првпат се воведува авансна исплата на субвенциите која ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба, но ќе биде наменета и за оние кои имаат траен насад. 

Новиот систем на субвенционирање е поправеден, поефикасен и во интерес на земјоделците кои финансиската поддршка ќе ја добиваат тогаш кога им е најпотребна. 

Ништо ново не е најавата за блокади од страна на Левица која се става на спротивната страна од интересите на земјоделците.

Оваа лажна левичарска партија многу пати до сега кочела закони во интерес на граѓаните, а во Собранието нејзините пратеници освен голо политикантво немаат поднесено ниту еден конкретен предлог за помош на земјоделците, работниците, пензиониерите…толку од наводната грижа на Левица за граѓаните. 

Последни вести