fbpx

Шпицниот градоначалник промовира проекти на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Шпицниот градоначалник промовира проекти на СДСМ

Денеска Христијан Мицкоски во улога на шпицен градоначалник во Општина Аеродром промовира проект целосно спроведен од претходната локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин.

Добро е што денеска Муцунски заедно со Мицкоски се прошетаа во новоизградениот објект на градинката „Црвенкапа“ во Стар Аеродром и воедно имаа шанса да видат како се гради капитален проект и што значи грижа за жителите на општина Аеродром.

Но, дали Муцунски го информираше шпицниот градоначалник дека советниците од претходниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа тој буџет во кој беше предвидена изградбата на оваа градинка, со што придонесот на ВМРО-ДПМНЕ за изградба на оваа градинка е речиси никаков.

Дали шпицниот градоначалник го праша Муцунски до каде е постапката за изградбата на 4 нови градинки во Општина Аеродром, ветување што го дадоа пред граѓаните пред 1 година на изборите?

Муцунски заедно со неговиот шпицен градоначалник треба да почнат да работат на своите проекти коишто ги ветија пред граѓаните на Општина Аеродром, а не во континуитет цела година да се фалат со проекти од претходната власт предводена од СДСМ.


Последни вести