fbpx

Мицкоски менува ставови како ќе му текне

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски е лицемерен и недоследен политичар, кој ги менува ставовите како ќе му текне.

Еднаш е за промена на Уставот и внесување на Бугарите, потоа е категорично против, па повторно ја врти плочата. Беше и против Договорот за добросоедство со Бугарија, па го поткрепи.

Христијан Мицкоски ги лажеше граѓаните, создаваше тензии, блокади, измислуваше наводна бугаризација, асимилација доколку почнеме преговори со ЕУ.

Преговорите со ЕУ започнаа, тече скрининг процесот, и не само што нема никаква бугаризација, не само што нема асимилација, туку има македонски јазик во ЕУ и заштитен македонски идентитет.

Последна потврда за ова е договорот Фронтекс кој ќе биде потпишан на чист македонски јазик, без фусноти.

Уставните измени треба да се случат за да продолжи напредокот кон ЕУ се до полноправно членство.

Јасно е дека во државата имаме два концепти, едниот предводен од Ковачевски и коалицијата која е за европска Македонија и која заедно со доминантниот дел од граѓаните сака да ја види државата како дел од ЕУ. Вториот концепт е оној на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се противат на членството во ЕУ и работат на штета на државните и националните интереси.

Последни вести