Најава, Граѓанска трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“
Почитувани,
Ве известуваме дека денеска 25.10.2022 (вторник) СДСМ започнува серија граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.
Граѓански трибини со почеток во 17.00 часот ќе се одржат и во целиот регион, односно во:
– Ресен, говорник Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ
– Новаци, говорник Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ
– Могила , говорник Бисера Костадиновска, потпретседателка на СДСМ
– Демир Хисар, говорник Вангел Андрески, организационен секретар на СДСМ.
Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Битола во Домот на културата од 18.30 часот.
Пренос во живо во висока резолуција ќе биде обезбеден на официјалниот канал на СДСМ( https://www.youtube.com/user/SDSMtube), на Фејсбук страната на СДСМ (https://www.facebook.com/SDSMakedonija/) како и на Фејсбук страната на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски(https://www.facebook.com/Dimitar.Kovachevski)