fbpx

Шкријељ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со деструкција и злоба и да работи во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јвност

Наместо да дискутираме за она што е тема и да се обидеме да направиме нешто, како пратеници, за граѓаните во овие тешки времиња на криза, опозицијата продолжува со истиот курс на навреди, истакна пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ од собраниската говорница

Шкријељ потсети дека еврокомесарот Вархеи, кој е од сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, ја нарече ВМРО-ДПМНЕ нецивилизирана, којашто поттикнува омрза и шири насилство, известувачот за Западен Балкан во Бундестагот однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ го спореди со однесување на деца во градинка, известувачот во Европскиот парламент рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која не знае кај тера и кои и’ се вредностите, додека медиумите ја нарекоа коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска, Пиколомини за Скопје.

И навистина не знам како тоа не допира до вас, да се преиспитате и да го работиме она за што земаме пари и плата од граѓаните, а тоа е да носиме мерки, да носиме закони кои што одат во прилог на граѓаните, особено на најралнивите, нагласи Шкријељ.

Пратеничката Шкријељ ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, особено кога на дневен ред има точки што значат поддршка за најранливите, да не се обидуваат да се губат цели денови и да се трошат стотици илјадници евра со предлог точки за измени и дополнувања на дневен ред и да не излегуваат од салата туку да гласаат, кога треба да се гласаат закони како што беше законот за социјална заштита, што значи плус 3.000 денари за примателите на гарантиран минимален приход.

Сакам да упатам еден апел, да се преиспитате и да потворам плата земаме од граѓаните, дајте престанете со таа деструкција, со таа злоба и да почнеме да работиме заедно во интерес на граѓаните, ги повика своите колеги од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Последни вести