fbpx

Величковски: СДСМ секогаш е на вистинската страна, разумно и државнички се справува со предизвиците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ секогаш била најсилна кога било најтешко, секогаш била на висинската страна. Поминавме трнлив и тежок пат, од Oтпорот, Вистината за Македонија, Реферндумското прашање, Ковид здраствена криза, Економска Криза. Огромни предизвици пред кои стоевме исправено, разумно и државнички, истакна претседателот на ОО СДСМ Делчево Влатко Величковски на граѓанската трибна во организација на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Делчево.

Величковски нагласи дека по поразот на локалните избори и политичката неизвесност, кога беше најтешко СДСМ на чело со претседателот Димитар Ковачевски и новото раководство се исправи најсилно и одговори на предизвиците.

Еве не денес овде. Консолидирани, со успешно менаџирање со политичките процеси во земјата но и кризата со која се соочува целиот свет, порача Величковски, додавајќи дека во оваа една година се виде какво беше и какво уште е владеењето и практцирањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, онаму каде што имаат свои градоначалници и локална власт.

Неработење, интерес само за провизии, расипничко трошење на народните пари, немање ниту идеја ниу капацитет, ниту визија за напредок на општините. Ништо подобра не е ниту парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, бавејќи се само со кочење, опструкции и блокади на процесите и законите од интерес на граѓаните. Јасна е разликата помеѓу нас и нив, помеѓу државотворна партија и партија за бизнис интереси и провизии, нагласи претседателот на ОО СДСМ Делчево Влатко Величковски на граѓанската трибна во организација на СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ во Делчево.

Последни вести