fbpx

Ковачевски од Делчево: Силно и одлучно кон иднината!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интегрален текст од обраќањето на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски

Добровечер Делчево,

Добровечер почитувани граѓани, другари и другарки,

Ова е СДСМ во победничко Делчево, полна сала и позитивна енергија. Полна сала со граѓани социјалдемократи и коалициони партнери. Ова е победничкиот СДСМ.

Не случајно серијата трибини во Делчево ја правиме токму во спортска сала. Затоа што знае Делчево да избере која е добрата опција за нив. Колку време му требаше на градоначалникот Трајковски да наброи што се има направено за една година за Делчево. А замислете ние што доаѓаме од Скопје како ни е, па таму градоначалничката секунда нема да и треба зошто ништо нема направено, е затоа Делчево го направи вистинскиот избор.

Нема поголема потврда за исправноста на одлуките и нашите политики, од вака јасно искажаната ваша поддршка.

И затоа Ви благодарам за масовното присуство и за силната поддршка која што ни ја давате!

Со вас заедно, силно и одлучно кон иднината!

Затоа решивме слоганот на овие наши трибини да биде, силно и одлучно кон иднината, затоа што знаеме дека не сме сами, туку ги имаме граѓаните со нас кои што сакаат подобра иднина за овие и за идните генерации.

Почитувани другарки и другари,

Десетина месеци ја предводам оваа голема, силна, државотворна партија и коалициската Влада.

Во тежок период и за земјата и за сите наши граѓани, исправени пред глобални предизвици, енергетска криза каква не се памети, најголема после Втората светска војна.

Тоа ниту ме поколеба, ниту ме предомисли туку ме мотивираше да работам уште посилно, порешително и уште поодлучно.

Знаев дека нема да биде лесно, но лидерите мора да гледаат напред кон иднината, да го понесат товарот на денешницата за една и единствена цел: подобра иднината за својот народ!

Подобра иднина на наша македонска земја, на нашиот македонски народ, на сите наши граѓани!

И затоа донесовме тешки, но државнички одлуки од кои што зависи иднината на целата држава и на сите наши граѓани.

Придобивките од тие државнички одлуки сега сите ние, целата јавност, сите граѓани може да ги видат и да ги почувствуваат.

Нема потреба да се навраќам многу наназад, само во изминатите 5 дена ќе споменам неколку важни работи за овие придобивки.

Од Европската Унија добивме силна финансиска поддршка за справување со енергетската криза. Првата транша е во износ од 80 милиони евра, кои ќе ги подигнеме на почеток на наредната година.

Дополнително, Северна Македонија ќе биде вклучена во зедничката набавка на гас и енергенси на ниво на Европската унија.

Ова е исклучително важно во време на глобална економска и енергетска криза.

Македонскиот јазик го обезбедивме, се изборивме за македонскиот јазик и идентитет да бидат признаени и потврдени во ЕУ. Еднаш и засекогаш.

Јас бев тој кој што преговараше и со БГ и со Франција и со Германија и со сите 27 земји членки на ЕУ. И исто како нашиот народ, пред се како Македонците, кога слушавме се што се зборуваше во медимуите, на двете страни од границата ми беше тешко. Им беше тешко на нашите граѓани, меѓутоа на крајот на денот, мора да донесете одлука, одлука од која што зависи иднината на нашите деца, на идните генерации кои што доаѓаат во оваа држава, да живеат во европска држава, да работат во ЕУ ама тука, дома а не во странски држави кои што се члеки на ЕУ. И пак да треба да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам, затоа што низ тие преговори обезбедивме почеток на преговорите со ЕУ, чист македонски јазик во ЕУ, заштитен идентитет на македонскиот народ со сите негови обележја во ЕУ и историските прашања надвор од преговарачката рамка и да бидат дел од работа на историската комисија, затоа што тоа е работа на историчарите а не на политичарите, е така се носат одлуки за иднината на својата држава.

Историски исчекор направивме, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички и додавки и без никакви други појаснувања. Тоа го ветив и тоа го исполнив.

Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија.

Дали можеше некој да претпостави пред само неколку месеци дека ќе имаме договор на кој што стојат сите 27 држави членки со нивните јазици, потпишани заедно со македонскиот јазик и истиот тој договор да биде одобрен и од Грција и од Бугарија.

Ете тоа се европски вредности, тоа се вистински одлуки, тоа е вистински патриотизам. Тоа е СДСМ и се што значат овие 4 големи букви. Четирите големи букви на Македонија се СДСМ, социјалдеморкатски сојуз на Македонија.

Ние сме дел од континуитетот на напредокот на нашата држава, ние сме дел од континуитетот на Киро Глигоров кој што ја обезбеди нашата независност со членска книшка 001 на СДСМ, ние сме континуитет и на БЦ кој што обезбеди трансформација на општеството и на Р. Шекеринска и на В. Бучковски и на Зоран Заев со кој што влеговме во НАТО, најголемиот светски ибезбедносен сојуз. И сите да бидете горди на тоа, да бидете горди на наследството кое што денес ние го живееме затоа што сите тие се вградиле во напредокот на оваа држава, да излезете на улица и со горда глава да кажете од која политичка партија потекнувате и која политичка партија ја развива оваа држава, немој да бидете како нашите противници тие не смеат да кажат кој им бил претседател претходно, се кријат од својот континуитет го чуваат во своите канцеларии во скапи палати, ама не смеат да кажат кој им континуитетот затоа што се срамат од својот континуитет бидејќи тие се дел од дискунтинуитетот на оваа држава.

Денеска овде стојам пред вас, во градот кој името го носи на македонскиот великан Гоце Делчев и со крената глава, гордо и достоинствено можам да кажам, вредеше. Вредеше да се помине целаа она голгота и во мај и во јуни сите оние молотови коктели, сите оние свирежи, сите оние протести кои што ги организираа во Скопје се со цел да го запрат напредокот на државата, ама и јас и пратениците и СДСМ и сите коалициони партнери истрајавме, успеавме и на крај можеме да кажеме дека вредеше.

После 17 години во чекалницата, започнавме преговори со ЕУ. За нас Македонците што е уште поважно започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.

На нашите деца и внуци им оставаме чист пат, никој да не може повеќе да ги оспорува или негира.

Оние од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, оние кои ширеа лаги на ниво на хистерија, коишто буцкаа тензии и правеа насилни протести, коишто лажеа дека ќе сме го загубеле јазикот и идентитетот, се обрукаа.

Сите нивни лаги потонаа во вода. Немаат доблест ниту се извинат ниту да му честитаат на народот, на граѓаните за овој успех.

Не мора мене да ми се извинуваат, не мора на пратениците да им се извинуваат, немора на коалиционите партнерии да им се извинуваат, ама на граѓаните, на македонскиот народ треба да му се извинат и во исто време да му честитаат.

Европскиот пат е вистинскиот пат и по него треба да продолжиме.

И ете ги вчера ги гледам заедно и Мицкоски и Апасиев во Благоевград, во соседна Бугарија.

Јасно е што се случува, но јасно е и тоа дека и Мицкоски и Апсиев ги чувстуваат придобивките од нашите одлуки, од почетокот на преговорите со ЕУ и договорот со соседна Бугарија.

Мило ми е што македонски граѓани, можат слободно да одат и да се радуваат на отворање на културен клуб во Бугарија.

Почитувани граѓани,

Денеска целиот работен ден го поминав во овој убав крај, во Делчево.

Со изградбата на пречистителната станица ставаме крај на деценискиот проблем со чиста вода за пиење на граѓаните. Делчево трајно го решава проблемот со квалитетот на водата за пиење и со загубите на водата.

Ова е пример за успешен проект преку заедничка соработка.

Нашите пријатели, Швајцарската Конфедерација го поддржаа проектот со 6 милиони швајцарски франци, Владата вложи 1.3 милиони швајцарски франци, а општината Делчево 30.000 швајцарски франци. И воа вредеше за граѓаните на општина Делчево.

Дополнително проектот опфаќа и изградбата на фотоволтаична централа со капацитет од 250 кw во пик со кој се предвидува делумно покривање на потребите за електрична енергија за бунарите и прочистителната станица.

Проектот со затворениот пазар е во завршна фаза и многу други проекти кои се реализираат во Делчево со поддршка на Владата. Дел спомена и градоначалникот и нема да ги повторувам. Но можам само да им честитам и да им пружам рака и на градоначалникот и на советниците и на вработените во општината и на сите граѓани на Делчево.

Еден од столбовите на политиката на Владата што ја предводам е рамномерен регионален развој.

Затоа што секој град, секој регионот во државата заслужува да биде убаво место за живеење кое и понатаму ќе се живее во просперитет.

Посебен мој фокус во работата, покрај обезбедување на подобар живот за граѓаните, подобри услови за развон на стопанството, се странските директни инвестиции.

Како човек којшто 22 години работен во реалниот сектор, како менаџер, знам дека во овие тешки времиња, најдобриот начин на кој можеме да се избориме со кризата е да отвориме и обезбедиме што е можно повеќе работни места за нашите граѓани.

Најдобриот начин како да се избориме со високите трошоци за живот, е да донесеме подобро платени работни места во индустриите на иднината, кои се поддржани од оваа Влада.

Интензивно работиме и така само изминатиов месец сите имавме можност да видиме на отворање на неколку нови фабрики, нови инвестиции од областа на енергетиката, автомобилската индустрија, итн.

Американската компанија од автомобилската индустрија (Кемет Електроникс), заради поддршката и условите кои ги добива во земјата, по отворањето на првата фабрика, отвори и втора. На долг рок тоа ќе значат вкупно 1.000 вработувања во оваа фабрика

Новата инвестиција на канадската компанија Магна исто така носи околу 1.000 работни места до 2024 година.

Нови 30 милиони евра е странската инвестиција на двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив.

Се позициониравме како држава во која странските инвеститори препозбаваат вистински партнер и затоа реномирани компании ја бираат Северна Македонија како дестинација за нивните инвестиции.

И не само странските туку и домашните компании ги поттикнуваме да инвестираат со нашите политики.

Токму овде, во Делчево бев во посета на една таква домашна компнија (Алпин ком) која започнува нова инвестиција, фотоволтаична централа, на површина од 35 декари, со моќност од 1,8 мегавати. Бев и во фабриката Фротирка гордост не само на С. Македонија, не само на Македонија, не на Социјалистичка РМ, Фротирка е гордост и на бивша Југославија. И во Фротирка со знаењето на менаџерите, со вредноста на работниците, се инвестирало во нови машини, се зголемило производството и таму се нсталирани обновливи избори на енергија. Обновливи избори на енергија кажав има и на прочестителната станица и да ви кажам една споредба, смао во Делчево денес на овие 3 места има инсталиран капацитет од 3 мегавати соларна електрана. За 11 години владеење наВМРО – ДПМНЕ во цела држава имаше инсталирано 16 мегавати, е тоа е Делчево, градоначалникот, директорите, работниците, фирмите во Делчево во однос на 11 години ВМРО – ДПМНЕ на ниво на цела држава.

Вложуваме во енергетиката, во инфраструктурата, се градат повеќе делници и патишта, а во саботата отпочна и градбата на источен дел од железничкиот Коридор 8 – пругата кон Бугарија.

За оваа пруга јавно кажав и на отпочнувањето на работата, кажувам и денес, оваа пруга медиумите ја нарекуваат пруга наречена Надеж, затоа што 28 години е почната да се гради не е довршена. 28 години генерации пораснаа со оваа пруга која што не е направена. Или тоа не е направено заради незнаење или заради мала посветеност или заради корупција, или можеби заради сите три заедно. Но, мора одлулчно да ставиме крај на таквата пракса. Одлучно, силно и посветено ова да се заврши во роковите кои што се зададени, затоа тшо тоа и е потребно на нашата држава. Ние сме центарот на Балканот, меѓутоа за да станете крстосница ви треба и коридор 10 и коридор 8 на кој што работиме и на делницата кон Бугарија и на делницата кон Албанија. зошто така е начинот а кој што треба да се развива нашата држава.

Со работа започнаи најголемата соларна електрана досега, која ќе снабдува над 5.500 Семејства, во државата, сместена во општина Св. Николе, затоа што знаат инвеститорите, македонското сонце е најсветлото, најсјаното сонце на целата земјина топка и нема подобра локација од оваа нашава тука земја кој што ја имаме, затоа тука инвестираат.

Ги донесовме и измените на законот за градење за да можат сега сите физички и правни лица со многу едноставна процедура и без одобрение за градба од општината да постават фотоволтаици.

Ја субвениционираме струјата за домаќинствата за дури 80% како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата. Ако не е таа субвенција од Владата, во услови на оваа енергетска криза сметките кои ќе ги добиваат граѓаните би биле 5 пати повисоки. Е така се грижи една Влада за своите граѓани.

Последната мерка на Владата ја објавивме вчера, државата ќе ја субвенционира цената на струјата за компаниите од прехранбената индустрија за да се намалат цените на основните прехрамбени производи. И јас како и сите вие овде домаќини одиме и пазариме во македонските продавници, и знаеме дек аима инфлација, знаеме дека цените се зголемени и знаеми дека му е тешко на народоот, ама затоа обезбедуваме помош за најранливите категории на граѓани и помош финансиска за субвенционриање на струјата за оние фабрики кои што произведуваат основни прехранбени продукти за да ја намалиме и да го стопираме растото ан цените на овие продукти.

Со оваа одлука цените на основните прехранбени производи, лебот, брашното, млекото и млечните производи, маслото за јадење, месото, брашното, млекото, ќе се стабилизираат

Очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи и до 10%. Тоа нашите граѓани го заслужуваат и тоа е одговорно во време на криза.

Основните и средните јавни училишта и тука во Делчево и низ земјата, ќе добијат поевтина електрична енергија, исто какои јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води. Затоа што тоа е јавен интерес и јас кажав нема да има трошење од буџетот финансиски средства за работи за кои што нема птореба да се трошат во време на криза, нема за директорите и за функционерите нови возила, нема веќе скапа храна, сите финансиски средства ќе одат за граѓаните.

Заедно со мојот тим работиме ден и ноќ за да обезбедиме се што е потребно за граѓаните и државата. Верувам дека заедно ќе успееме.

Јас нема никого да оставам сам, СДСМ нема никого да остави сам и Владата нема никого да остави сам. Никој нема да биде оставен сам во оваа криза.

Јас сум менаџер, 22 години работев во приватен сектор. Целото тоа знаење кое сум го стекнал низ годините и целото искуство низ годините го ставив во функција на соодветно менаџиреање на буџетот и парите на граѓаните.

Обезбедивме ликвидни средства, обезбедивме храна, енергија и струја и заштедивме околу 300 милиони евра од буџетот со цел да ги намениме на оние кои им се потребни.

Максимилизирано е производството на струја, веќе неколку денови ЕСМ произведува 100% од потребите за целиот регулиран пазар, за сите домаќинства и она што го трошат 72 илјади компании кои што работат во државата. за сите домаќинства и за сите мали потрошувачи да има електрична енергија која што можат да ја платат и да нема ценовен шок.

Уште во првите денови од мојот мандат ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно повеќе отколку минималната плата која во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше под 9.000 денари. И кажав во Крива Паланка од ВМРО –ДПМНЕ, нивните економисти ме критикуваат зошто сум ја качил минималната плата, ги критикував ама не им спомнав име и презиме, не кажав кои се тие, самите се јавиле пошто се препознале, во медиумите кажуваат како тие сега биле се што ние ќе направиме што се против, на крај кога ќе видат дека е добро и тие после тоа се приклучуваат. Исто беше и со Преспа и со Бугарија, ко што ги гелдаме дека сега одат на отварања исто е и со сите мерки кои што ги правиме, затоа што целата иницијатива ние ја правиме во државата. Тука е претседателот на партијата на пензионерии знае дека од прв ден преговаравме со здружението на пензинерите и со партијата на пензионерите за зголемување на пензиите и за воведувањена нова методологија за раст на пензиите, не може пензионерите како 11 години во времето на ВМРО –ДПМНЕ да бидат користени само пред избори и само пред избори да добиваат еднократно зголњмување на пензиите и затоа воведовме методологија која што само од март до сега ги зголеми пензиите за 10%, а за една календарска година, до март идната година пензиите ќе бидат зголемени 16%, такво зголемување на пензиите никогаш немало во оваа држава во една календарска година.

Ветив покачување на платите и тоа го реализиравме. За само неколку месеци платите во образованието ги зголемивме за 15 отсто, за 7% платите во високото образование, за 5% раст на платите во МВР, во здравството и во одбраната.

Реализиравме два пакети антикризни мерки за помош на граѓаните вредни над 760 милиони евра.

И не според мене, не според Владата, според проценките на Светска банка тоа е најголемиот пакет на антикризни мерки и поддршка за најранливите категории на граѓани и компаниите од сите земји во нашиот регион.

Во овие четири месеци пред нас, за кои многумина велат дека ќе бидат најтешки, финансиски ќе помогнеме над 200.000 граѓани во државата за оние кои што имаат најмалку. Ова е време на криза, ова е време на војна во Европа и затоа ова не е време на изобилие туку е време на солидарност, време кога треба да се помогне на оние кои што имаат најмлаку и оние кои што се најраливи во општеството и затоа кога ќе ги видите сите мерки, мерките се однесуваат за оние кои што имаат најмалку во општеството и кој мора да им се помогне, затоа што тие на државата и помагале, затоа сега државата треба да им врати, да им помогне прво на нив.

Оваа Влада исплати субвенции што беа неисплантени на земјоделците. 2,5 милијарди денари беа заостанати од 2015 година. Само за спроедба да би кажам, 2.5 милијарди денари чинеа 36 споменика во центарот на Скопје, наместо да ги платат субвенциите правеа споменици. Е оваа година, во најкризна година, и тие пари кои што им ги должеа на земјоделците од 2015 гдоина се вратени и имаат земојделците за д аможе да ги користат за земјоделстко производство. Имаме историско покачување кај субвенциите кај лозарте и сега ќе имаме и кај тутунарите. Така се сака својата својата држава и така се работи домаќински.

Го транформираме системот на субвенциорање. Од следната година сите земјоделци авансо ќе добиваат дел од субвенциите за да имаат доволно пари во период кога се сее и се подготвуваат почвата и насадите.

Ова почитувани мои дуругари и другарки е одговорен, државнички пристап во време на светска економска и енергетска криза.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

Па погледнете го резултатот на Горан овде во Делчевои споредете видете они во Скопје што направија. Прво колку инвестиции наброја граодначалникот на Делчево кои што се помогнати од Владата. Уште повеќе ги има во Скопје. И БРТ и клучката кај Момин поток и мост во Аеродром, ништо од тоа не се прави. Зошто, затоа што се испокараа за тендер од 136 милиони евра. Се фатија со рацете во медот, сите проекти ги прекинаа и цел ден се расправаат меѓу себе. И на крајот кога сфатија дека цел народ ги гледа, генијална идеја им текна, градоначалничката на СК била со нас. Абе јас не ја чекав со трубачи во СДСМ вечерта на изборите, наш кандидат имавме, изгуби на изборите, ја предадовме власта. Немаше трубачи кај нас, трубачи имаше во ВМРО – ДПМНЕ, бел капут, трубачи, големо славје. Не идеше Миле Зечевиќ и Перо Костадинов во Гази Баба, во К. Вода, во Центар да викаат дека сега ќе ја изберете најдобрат амајка во градот Скопје, тие одеа таму на тие митинзи. И на крај кога се испокараа, сега сето тоа било наше, абе не е наше. Наша е посветеноста и како што им помогнавме на скопјани да имаат затоплување насвоите домови преку парно греење, исто ќе им помогнеме и за други работи, затоа што СДСМ е одговрна партија, исто како што помагаме во Делечво, исто ќе помагаме и во Скопје и сите дтуги градови, без разлика кој градоначалник, од која партија ги води, ја имаат Владата да им помогне, како што им помогнавме со струјата за образование, за водоводи за снабдување, за се ќе им помогнеме, заради граѓаните.

Делчево ја покажува разликата и на локално ниво, што значи успешна и позитивна работа на градоначлниците од СДСМ наспротив неспособноста која што секогаш сме ја гледале на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е СДСМ, тоа сме ние, македонските социјалдемократи. Тоа не дефинира и тоа не прави нас различни од оние другите. Затоа сме ние вечерва заедно во оваа сала, на овие трибини кои што ги правиме низ целата наша држава

Ве повикувам сите, оценувајте ја Владата и работата на секој поединец откако сум на премиерската функција.

Немаме ние друга опција, единствената опција која ја имаме е да ги удвоиме напорите и напорно да работиме. За да го сработиме се она што треба да го сработиме.

Ние треба да покажеме пример за другарство, единство, за посветеност и за напорна работа. Тоа е обврска и одговорност на секој член на СДСМ, на секој избран функционер.

Не е другарство ако седат функционери во партијата, и кажуваат кој на која позиција требало да биде, кој на која позиција не требало да биде. Затоа што на таков начин не се победува на избори, ама не е проблемот дали ќе победите или ќе изгубите на избори. Проблемот е ако изгубите, ќе се врати полтичка опција која што ја гледавме 11 години во оваа држава, кога еден милиметар државата не ни отиде напред, туку тука седевме на мала маса со некаква лажна гордост и се залажувамвме себеси со намален животен стандард. Затоа СДСМ треба да покаже и другарство и посветеност и единство и работа за оваа држава. Тоа треба да се прави од срце, од верба, заради граѓаните и државата а не заради функцијата. Никој не е венчан за функција и секој може да биде заменет.

Заедно одиме силно и одлучно кон иднината, а иднината е во ЕУ и за тоа нема алтернатива. Никој до сега не понудил алтернатива.

Почитувани,

Мојата визија е заедно со вас, да изградам економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ.

Тоа е концетот за Европска Македонија. Полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и македонски идентитет со сите обележја, како горди Македонци да бидеме во ЕУ, седнати на големата маса во Брисел, рамноправни и побогати од денеска.

Знам дека патот кон ЕУ нема да биде лесен Знам дека на тој пат има пречки и ќе има предизвици, но на крајот од тој пат е големата награда. На крајот на пат е членство во ЕУ, на крајот на тој пат се побогати граѓани, Македонци и сите други граѓани на државата кои работат во ЕУ, ама тука во својата родна земја членка на ЕУ, а не во земја членка на ЕУ која што е туѓа држава и каде што треба да работат во туѓина. Е затоа е ова е визијата во која ве повикувам да ми помогнете да ја оствариме.

Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија.

Ми треба вашата поддршка, за да водам напред, за заедно да бидеме со граѓаните да работиме за граѓаните.

Да продолжиме силно и одлучно!

Да живее Делчево, да живее СДСМ, да живее Европска Македонија!

Последни вести